Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Нема да имаме милост кон тероризмот и терористите

D181d180d0b1d0b8d198d0b0 D181d0be D0b6d0b5d181d182d0bed0ba D0bed0b4d0b3d0bed0b2d0bed180 D0b7d0b0 D0b1d180d0b8d181d0b5d0bb D0b2 63d57d5a52756.jpeg

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави уште апсења по терористичкиот напад во Белград.

„Продолжуваме со работа, ќе има уште апсења. Ја проверуваме поврзаноста на сите страни и ќе ја завршиме. Верувам дека повеќето апсења ќе ги завршиме до вторник и потоа се ќе биде во ред“, изјави Вучиќ за нападот што се случи вчера.

„Имаме многу добра соработка со двете исламски заедници во Србија, но се уште постои пристапот на странски служби. Преку некои имами тие се обидуваат да го прошират своето влијание. Како што се борите против православниот екстремизам, така се борите и против исламскиот. Ова е целосно планиран терористички напад. Тоа го направи обидувајќи се да избегне каква било реакција од жандармите. Не го ни подигна самострелот, туку го извади од торбата. Навистина, тој човек заслужува восхит поради неговата смиреност и дисциплина“, додаде тој.

Претседателот најави дека ранетиот жандар ќе добие специјална награда откако ќе закрепне.

Тој нагласи дека граѓаните на Србија немаат причина за страв и загриженост по овој напад.

„Србија според сите статистики е една од најбезбедните земји во Европа. Нема да имаме милост кон тероризмот и терористите. Граѓаните можат да бидат мирни и спокојни“, порача Вучиќ.

Можете да прочитате

Најмалку две загинати лица во невремето во Црна Гора

Трагедија во Црна Гора: Работник загина на градилиште во Чањ, кран паднал од силните ветрови

Се преврте чамец на Златарско езеро во Србија, се трага по едно лице