Утрински Весник
Свет

Вучиќ и Курти во Охрид, домаќин ќе им биде шефот на европската дипломатија Борел

Вучиќ и Курти во Охрид, домаќин ќе им биде шефот на европската дипломатија Борел
Ss2

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во сабота ќе се сретнат во Охрид, како дел од дијалогот со посредство на ЕУ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Во фокусот на состанокот, чиј домаќин ќе биде шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ќе биде финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

dobivaj vesti na viber

Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, прво ќе имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти, а потоа ќе следи заедничка трилатерална средба. Лајчак оцени дека „прифаќањето на европскиот предлог би било позитивна порака“, посочувајќи дека сега е неопходно да се фокусираат на спроведувањето на анексот, кој ќе биде главна тема на разговор во сабота во Охрид.

300x250 (7)

По средбата на Вучиќ, Курти, Борел и Лајчак во Брисел на 27 февруари, шефот на европската дипломатија изјави дека лидерите на двете страни постигнале договор за Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, но дека потребни се дополнителни преговори за модалитетите за спроведување.

Тогаш Борел најави дека Вучиќ и Курти ќе се сретнат во средината на март за да ги финализираат дискусиите за Анексот за имплементација, кој е составен дел на Договорот и кој ќе постави насоки за негова имплементација.

Ss1

Можете да прочитате

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци