Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Досега најтешкиот разговор со меѓународните претставници за Косово

Вучиќ: Досега најтешкиот разговор со меѓународните претставници за Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска во Белград имал многу тежок, a можеби и најтежок разговор што го имале досега со претставниците на „четворката“ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

dobivaj vesti na viber

„Имавме отворена и сериозна дискусија, она за што се согласуваме е дека замрзнатиот конфликт не е решение, бидејќи само прашање на време е кога некој ќе го одмрзне и кога неодговорни поединци ќе го уништат мирот на целиот Западен Балкан“, истакна Вучиќ.

„Во тие услови побаравме од четворката и Лајчак – претставници на САД, Германија, Франција и Италија, да ни помогнат сите во надминување на турбуленциите со кои се соочуваме на Косово. И сметаме дека е крајно време да се формира ЗСО што не само што е ветено туку и потпишано пред 10 години. Тоа е ургентно, затоа што само после тоа е можен разговор и враќање во институциите и секакво нормализирање на состојбите“, рече Вучиќ.

Претседателот наведе дека во наредниот период ќе има дискусии и консултации со членовите на Владата, парламентот и со сите значајни општествени групи за предложениот договор за Косово.

„Дека сме подготвени да го прифатиме концептот и да работиме на имплементација на предложениот договор со тоа што јас јасно кажав една работа и ја покажав целата загриженост и резерва за едно важно прашање, но не можам да зборувам за тоа, бидејќи предлогот не е јавен“, посочи Вучиќ.

Коментирајќи ги оценките на останатите за владеењето на правото, тој рече дека не знае што кажале за напредокот на Србија на тоа поле, но изрази надеж дека го поздравиле напредокот што го постигнала Србија и оти тој очекува поддршка на европскиот пат на Србија.

„Се надевам дека ќе ги слушнеме нивните гласови, бидејќи со години слушаме како се неопходни реформи во областа на правдата, обвинителството и сите други работи и токму тоа го направивме и затоа очекувам дополнителна поддршка“ изјави Вучиќ.

Оцени дека на Србија не и претстојат лесни денови.

„Многу тешки одлуки.Тука нема убави или слатки разговори, можам само да кажам дека дадов се од себе за да ја чувам и заштитам Србија и ќе продолжам да го правам тоа барем уште некое време“, кажал српскиот претседател.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток