Утрински Весник
Свет

Вучевиќ: Изјавата на Курти покажува дека не се грижи за човечки животи

Вучевиќ: Изјавата на Курти покажува дека не се грижи за човечки животи
Ss2

Министерот за одбрана, Милош Вучевиќ денеска оцени дека изјавата на Албин Курти, дека отстранувањето на барикадите не може да ги исклучи жртвите, е општа закана за Србија и народот на Косово и јасна порака дека тој не се грижи за човечки жртви.

dobivaj vesti na viber

Вучевиќ за РТС изјави дека Курти во својата изјава рекол дека не го интересираат човечки животи за да се отстранат барикадите и додаде дека таквата изјава е опасна бидејќи покажува дека Курти не се откажува од теророт врз Србите, насилството и постигнувањето крајната цел – Србите да ги напуштат своите огништа.

Ss1

„Курти сака да прикаже дека само тие бариери се проблем, се друго е идеално, па кога ќе го отстранат, без разлика колку луѓе треба да страдаат од двете страни, после тоа се ќе биде идеално“ – рече Вучевиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море – оштетија британски танкер

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа