Утрински Весник
Македонија

Врши надзор во сопствените редови: Јавното обвинителство бара организиран криминал и корупција во ОЈО

Javno Obvinitelstvo.jpg

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители.

До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Можете да прочитате

ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од -5°C, регистрирани се 30°C

Митовски: Целта е јасна – обновен и победнички СДСМ

Жално е што СДСМ падна толку ниско вели Митовски