Утрински Весник
Свет

Врховниот командант објави: Руски ракети во Романија

Врховниот командант објави: Руски ракети во Романија

Валери Залужни објави дека наводно „руски ракети од типот Калибaр ја преминале државната граница на Украина со Молдавија и Романија“.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави врховниот командант на украинската армија, тие влегле во воздушниот простор на тие земји.

Според него, проектилите наводно биле лансирани од руски бродови во Црното Море.

Според украинскиот генерал, две ракети влегле во воздушниот простор на Молдавија во 10:18 часот по локално време, а во 10:33 часот на територијата на Романија.

„Потоа ракетите повторно влегоа во воздушниот простор на Украина на местото каде се спојуваат границите на тие три земји“, додаде Залузни.

Москва, како и властите во Молдавија и Романија, се уште не се огласиле по овој повод,пренесе Б92.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам