Утрински Весник
Македонија

Времен режим на две делници на автопатот А1 во пресрет на продолжениот викенд

Uploads Thumbs Resize 800x420 663540.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во пресрет на продолжениот викенд Јавното претпријатие за државни патишта известува дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на сообраќајните знаци.

Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со важност до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на тунел Т1.

Имено, десната тунелска цевка на тунел Т1 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Исто така, до 31 декември 2024 година ќе има времена измена на сообраќајот и на автопатот на делницата Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-клучка Дреново, каде што сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

Од овие причини ЈПДП повикува на внимателност и прилагодување на брзината согласно со условите на патот, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име