Утрински Весник
Македонија

Кочовска: ДДВ им доцни само на соминтелни компании

Gordana Dimitrieska Kocoska.jpg

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска тврди дека не се доцни со повратот на ДДВ на компаниите, туку дека се вршат проверки на одделни компании за кои има сомневање во податоците. Таа ги замоли компаниите да дадат конкретни имиња на кои компании им доцни повратот на ДДВ.

Таа изнесе и податок дека имало многу злоупотреби во изминатиот период и повратот на одредени компании е задржан, а за дел од нив има отворени предмети кај надлежните институции.

– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите предмети се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презеде позицијата имаше отворени налози за исплата во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата – рече Димитриеска-Кочоска.
Таа презентира и податок од анкета на стопанските комори во која учествувале 60 компании.

– Само две се пожалиле дека им доцни повратот на средствата од ДДВ – рече Димитриеска Кочоска.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна