Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет

Whatsapp image 2026 09 24 at 10.48.34.jpeg

Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка” во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.

По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик,  импровизирана градба која беше претворена во дива депонија,  легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од  шутот и наталожениот отпад.


„Секаде каде што имаме надлежност, ги  расчистуваме вакви критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со тек на времето стануваат депонии, места каде се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.

Можете да прочитате

Нов спортско-рекреативен центар во Радишани горна зона

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Петарди предизвикале пожар во паркот „Капиштец“, граѓаните бараат реакција од полицијата