Утрински Весник
Култура

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола

Веќе четиринаесет години, Фестивалот на музика од светот не весели со најшарената понуда на музика од светот. Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали. Таков е и овој во Битола, кој на две локации годинава ќе понуди музика од различни меридијани, вели организаторот.

dobivaj vesti na viber

Годинешното издание се создава под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди, откриј нова музика„ со која организаторот, Центарот за култура од Битола сака да го привлече вниманието на пошироката публика, особено новите генерации со цел да ги поттикнат во правец на откривање на различни музички традиции, како и кон авторска музика инспирирана од најразлични културни наследства.

„Од фадо звуците на брилијантната интернационална ѕвезда, португалката Јосна Амендоира која доаѓа со нејзиниот бенд на отворањето, преку еден поинаков звук на Балканот споен преку Фонтана која негува традиционална македонска музика, збогатена со звуците на Битолскиот камерен оркестар IWConnect и гостите Даница Крстиќ вокалистка на Балканика од Србија, Ангел Демирев на гитара од Бугарија и нашата домашна ѕвезда со светска слава Џамбо Агушев на труба, до фузијата на џез и современа музика на Лилит, разиграниот и сосема свој звук на Фолтин, до електрониката на белградското ДЏ дуо Luton & Šćepine Vragolije„ – истакна Маја Андоновска Илијевски на денешниот прес.

Ова е богато поднебје на сокриени музички традиции кои се одржале низ вековите и токму заради тоа богатство да се донесат врвни музичари од светот со своите локални звуци е голем предизвик.

„Од традиционален звук, преку музика на артисти кои имаат оригинален и необичен пристап на традиционалниот материјал, до време и простор за светска музичка журка, овој фестивал е навистина посебен и за нас е чест што годинава сме во неговата програма. Ветуваме неверојатен спој на балканскиот израз, опоен и движечки со нашите гости во вечерта кога со Камерниот оркестар ќе направиме мала, посебна целина во овие три дена кои ја слават музиката од светот„ – им изјави на новинарите Благојче Трајковски од Фонтана бендот.

Можете да прочитате

Почнува Европскиот филмски предизвик кој победникот го носи на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин

Промоција на романот „Засолниште во времето“

Настани на „Денови на европско Скопје“