Утрински Весник
Економија

Мисијата на ММФ во посета на Народната банка

Narodna banka.jpg

Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефот на мисијата за нашата земја, Ник Гигинеишвили, од 11 до 17 ноември 2026 година е во редовна посета на Народната банка, како дел од активностите на ММФ за разгледување на економските и финансиските политики на земјите членки.

Во текот на посетата, претставниците на ММФ и на Народната банка ќе разговараат за актуелните макроекономски движења и изгледи, макроекономските проекции, и спроведувањето на монетарната политика, вклучително и модернизацијата на оперативната рамка, како и натамошниот развој на инструментите и политиките на Народната банка. Предмет на разговорите ќе бидат и состојбите, ризиците и отпорноста на банкарскиот сектор, финансиската стабилност и спроведувањето на макропрудентната политика.


Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Можете да прочитате

Што ќе биде со „Алта банка“, ќе работиме ли подолго за пензија и ќе се оданочуваат ли празните станови? Вечерва во „Ноќно студио“ со Славко Лазовски

Цената на гасот во Македонија под просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Евростат

Левица: ДПМНЕ против Предлог-законот на Левица за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки