Утрински Весник
Македонија

„Вреди“ и официјално ќе делува како еден политички субјект

Vlen.webp.webp

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди.


Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.

-Претседателството на Влен е првиот заеднички орган на Влен. Од сега натаму Влен најавува мораторум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и од сега натаму се ќе биде под името и логото на Влен. На следните средби Влен ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите, локалните и централниот изборен штаб, истакна Касами.

Тој напомена и дека парламентарната група на Влен ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.

Првата средба на претседателството на Влен се одржа во просториите на „Алтернатива“ во Скопје и на неа, покрај Касами, присуствуваа и Изет Меџити од Демократско движење, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување Беким Ќоку.

Пред средбата Меџити уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат, дополни, подготовките за локалните избори во октомври на кои Вреди, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област. 

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“