Утрински Весник
Македонија

Акција на МВР во Куманово и Тетово: 114 казни, седум уапсени за безобѕирно возење

723111570 1305614638415727 1905440754205435021 n.jpg

Во координирана акциска контрола спроведена на 13 јуни во Куманово и Тетово, полициските службеници санкционираа вкупно 114 сообраќајни прекршоци, лишија од слобода седум лица и одзедоа шест мотоцикли и едно патничко возило.

Акцијата, која ја реализираше Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи во периодот од 17 до 23 часот, беше насочена кон контрола на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.


Во Куманово биле изречени 43 санкции. Најголемиот дел, односно 28, се однесувале на возење мотоцикл без заштитна кацига. Дополнително, биле санкционирани возачи кои управувале мотоцикл без соодветна возачка категорија, со истечена сообраќајна дозвола или без важечка полиса за осигурување, како и лица кои управувале нерегистрирани мотоцикли или сториле други сообраќајни прекршоци.

При контролата во Куманово биле откриени и четири кривични дела за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Двајца од сторителите се малолетници, а сите четири лица биле лишени од слобода. Во оваа акција биле одземени три мотоцикли и едно патничко моторно возило.

Во Тетово, пак, биле изречени 71 санкција. Дури 40 возачи биле казнети поради управување мотоцикл без заштитен шлем, додека санкции добиле и возачи на електрични тротинети, лица кои управувале нерегистрирани мотоцикли, како и возачи со истечена документација и други прекршоци.

Полицијата во Тетово открила уште три кривични дела за безобѕирно управување со моторно возило. Тројцата сторители биле лишени од слобода, а дополнително биле одземени уште три мотоцикли.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат законските прописи, особено возачите на мотоцикли и мопеди, со што ќе придонесат за поголема безбедност и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Можете да прочитате

ВЛЕН: „One Stop Shop” со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи” авансот од Мицкоски

Денес среда, 17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија