Утрински Весник
Скопје

Жителите на Капиштец најавуваат мирен протест: Доста ни е од бучавата, време е да се слушне и нашиот глас

Img 6970.jpeg

Иницијативата „За пристоен Капиштец“ ги повика граѓаните на мирен протест, револтирани од, како што велат, долгогодишниот проблем со прекумерната бучава, нарушувањето на јавниот ред и недоволната реакција на надлежните институции.

Протестот ќе се одржи на 11 јуни со почеток во 19:00 часот, кај кошаркарското игралиште во паркот Капиштец.


Од иницијативата посочуваат дека жителите со години се изложени на прекумерна бучава од околните угостителски објекти, безброј непроспиени ноќи поради гласна музика, како и на несовесно однесување на алкохолизирани групи кои, според нив, ја оштетуваат урбаната опрема и инвентарот во паркот.

„Додека како граѓани пријавуваме, собираме докази и бараме решение, институциите кои имаат законска обврска да го заштитат јавниот ред и мир со години дозволуваат проблемот да продолжи“, наведуваат организаторите.

Со протестот тие бараат доследно почитување на законите, ефикасни инспекциски контроли, заштита на јавниот ред и мир и создавање мирна и безбедна средина за жителите и нивните деца.

„Не бараме привилегии – бараме законите да важат за сите. Дојдете, вашето присуство е вашиот глас“, порачуваат од иницијативата „За пристоен Капиштец“.

Можете да прочитате

Усвоен ребалансот, Скопје добива нова противпожарна станица

Симоноски: За осум месеци Ѓорѓиевски нема реализирано ниту едно од клучните ветувања за Ѓорче Петров

СДСМ: Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот