Утрински Весник
Македонија

Вработените во Филхармонија на протест

Вработените во Филхармонија на протест

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое, како што велат од таму, се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.

dobivaj vesti na viber

„Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција“, се истакнува во нивното соопштение.

Бараат што поскоро изнаоѓање на решение за проблемот и да се надмине како што велат, оваа „надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение“.

Можете да прочитате

Вознемирувачка снимка: Во Гостивар младо момче падна во несвест, па продолжија да го тепаат

Ангелов: Опасна бактерија во водата во Гостивар – предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

Уапсен скопјанец кој физички нападнал тројца малолетници