Утрински Весник
Балкан

(Вознемирувачко видео) Врзал куче за автомобил и го влечел по улица во Шибеник

96f8f5cc 0dda 45c7 b855 6e3fb5b2dd48.webp.webp

На Фејсбук страницата на „Шибенски шепи“ е објавено вознемирувачко видео, на кое се гледа куче врзано за автомобил додека автомобилот вози, а кучето трча по него. Иако не е наведено кога точно е снимено видеото, на страницата се наведува дека е снимено денес.

Администраторите на страницата прво објавија фотографии од кучето, истакнувајќи дека е пронајдено како талка низ градот со синџир.


Потоа објавија видео од кучето врзано за автомобил.

„Ова е ДНОТО❗️❗️❗️
Сопственикот дојде да го земе кучето што го објавивме пред некое време. Бараме од властите веднаш да реагираат. Ова е неприфатливо❗️❗️❗️“, се вели во објавата.

Според порталот Šibenik.in , сè се случило утрово на патот над шибеничката населба Видици. 

Полицијата подоцна објави дека го пронашла возачот кој го мачел кучето.

„Денес, 3-ти мај, во утринските часови, Полициската управа Шибеник-Книн доби неколку пријави дека во Шибеник, на улицата „8-ма далматинска ударна бригада“, непознат возач управувал возило со шибенички регистарски таблички и влечел куче на синџир низ прозорецот на возилото.

„Веднаш по приемот на пријавата, полициските службеници презедоа сите мерки и дејствија насочени кон утврдување на идентитетот на возачот и околностите на инцидентот. Под сомнение за сторено кривично дело Убивање или мачење животни, 59-годишникот е уапсен и приведен во полициска станица, а во тек е кривична истрага“, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Одреден притвор за екс началникот на белградската полиција

Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Извлечени се рударите кои беа заглавени во рудникот Трепча