Утрински Весник
Економија

Возилата на БРАКО на саем во Калифорнија

Возилата на БРАКО на саем во Калифорнија

Возилата на Брако за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад.

dobivaj vesti na viber

Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини.

Возилата на БРАКО се пласираат на американскиот пазар преку фирмата-ќерка на БРАКО во Калифорнија и саемот е можност за ново организирано претставување пред градските власти во тој дел на САД.


Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего, Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.

ПР-текст

Можете да прочитате

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Целта е развој на државата и создавање нова вредност

СДСМ: Расте кризата со откуп на млеко, Мицкоски нема пари за земјоделците

Граѓаните со денови не можат да скенираат сметки, Мoj ДДВ не функционира