Утрински Весник
Македонија

Возете внимателно, забрана за камиони и намалена видливост на Стража

Sneg Straza.jpg

Од 06:55 часот утрово, на патниот правец Гостивар – Стража и обратно, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според информациите, сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива непречено, но под зимски услови, по влажни коловози. АМСМ предупредува возачите да бидат внимателни, особено на делови каде што видливоста е значително намалена.


„На планинскиот премин Плетвар регистрирана е намалена видливост до 50 метри поради појава на густа магла. Ги потсетуваме возачите дека е неопходно користење на соодветна зимска опрема и прилагодување на брзината според условите на патот“, се наведува во соопштението на АМСМ.

Возачите се советуваат да ја следат состојбата на патиштата преку редовните ажурирања на АМСМ и да избегнуваат непотребни патувања низ погодените подрачја.

Можете да прочитате

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир

СДСМ: Пресудатa за Груевски и имотот на ВМРО е поради контролираното судство