Утрински Весник
Македонија

Возете внимателно , магла на дел од патиштата

Magla Avtopat 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во нормални зимски услови, при што на одредени делници коловозите се влажни. Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност, особено во повисоките и планинските предели.

Намалена видливост поради појава на магла, до околу 30 метри, е евидентирана на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, што дополнително ги отежнува условите за возење на оваа делница.

Надлежните апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да користат зимска опрема и да ја следат состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

Можете да прочитате

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже! 

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје