Утрински Весник
Македонија

Возел со фалсификувана дозвола, а полицијата му пронајде и дрога – Уапсен млад радовишанец

Policija 3.jpg

Млад радовишанец возел со фалц дозвола, а полицијата му пронајде и дрога.

– На 25.06.2024 во 22.25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.Ц.(24) од Радовиш, поради тоа што управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола, а при прегледот од страна на полициски службеници од СВР Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана, соопштија од МВР.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрага

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар

ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница