Утрински Весник
Македонија

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат

Policija scaled.jpg

На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. 

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а – „безобѕирно управување со моторно возило“.


Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога