Утрински Весник
Македонија

Вооружен грабеж од возило на брза пошта во Тетово

Svetla Sireni.webp.webp

Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма – брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.

При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Пет случаи на морбили во Македонија – Клековски предупредува на опасност од епидемија

ДОМ: Владата планира дата-центри, а сè уште нема функционална климатска политика!

Пресврт по седум години: Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“