Утрински Весник
Свет

Вонредна седница на министрите за надворешни работи на ЕУ по иранскиот напад врз Израел

Eu 1.jpg
Ss2

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за во вторник, бидејќи иранскиот напад без преседан врз Израел предизвикува страв од поширока војна на Блискиот Исток. „Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот“, напиша Борел денеска на „Х“, поранешен Твитер. Поради иранскиот напад врз Израел, попладнево беше свикан видео состанок на Г7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН. За прв пат во историјата на Исламската Република, Иран преку ноќ директно го нападна својот најголем непријател Израел. Нападот е одмазда за убиството на високи ирански офицери во Сирија во наводен израелски воздушен напад претходно овој месец. Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде што војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа трае повеќе од шест месеци.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон