Утрински Весник
Скопје

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

20260812110220 big 730x400 5.webp.webp

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

„Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок“, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

Герасимовски: Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар

Левица: Герасимовски, ако граѓаните навистина одлучуваат – ајде на референдум за Барутана, па нека одлучат