Утрински Весник
Македонија

Водици со -10 степени: Ладно време ќе имаме за големиот Христијански празник

Meteoalarm.mk 47.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на ладен бран од исток и од североисток на ден 19 Јануари 2026 Понеделник, Богојавление Водици во Македонија ќе имаме ладно време со појава на утрински мразеви кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени. Во Скопје  и околината исто така наутро ќе има појава на мразеви и температура до околу -3/-4 степени а преку ден таа ќе се искачи до околу 6 степени.

Времето ќе биде сончево со мала а во јужните предели од Македонија локално со малку зголемена облачност каде ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

И во Скопје  и околината на ден 19 Јануари 2026 Понеделник, Богојавление Водици ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец.

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе