Утрински Весник
Македонија

Во земјава се вратија двајца од повредните во пожарот во Кочани кои се лекуваа во Белгија

Belgija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца од четворицата повредни при пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои минатата недела беа префрлени во болници во Белгија, по успешното лекување и опоравување денеска отпатуваа за Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел.

Минатата среда четири лица повредени во трагичниот пожар во Кочани, со специјален авион на Вооружените сили на Романија, во координација со ЕУ, беа префрлени на лекување во Белгија и сместени во болници во Брисел, Антверпен и Шарлероа.


Веднаш по најавата за нивно доаѓање во Брисел, голем број македонски државјани кои живеат во Белгија понудија бесплатно сместување и превоз за членови на семејствата на повредените, а Амбасадата обезбеди и преведувачи, кои на повредените и нивните роднини им помагаа за превод во комуникацијата со медицинскиот персонал.

„Благодарност до сите наши сограѓани во Белгија кои покажаа силна солидарност и интерес за помош“, порача македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски по повод денешното враќање на двајцата повредни во татковината.

Можете да прочитате

Филипче: 161 тендер за една компанија, власта се грижи само за тендери 

Алиу најави системски реформи во здравството

Над 160 наставници во 80-ина училишта обучени за настава на деца кои се на лекување