Утрински Весник
Свет

Во Венецуела уапсени 12 лица во врска со пожарите

Venezuela.jpg

Вкупно 12 лица се уапсени во врска со пожарите што ги опустошија шумите во северниот дел на Венецуела погодена од топлотен бран, изјави доцна синоќа министерот за животна средина Хозуе Лорка додавајќи дека пожарите се под контрола.

– Во Арагава, на север, уапсени се седум лица, во Мерида, на запад, пет, изјави Лорка за јавниот канал ВТВ, во првата проценка по неколку недели извештаи за шумски пожари во најмалку пет области низ Венецуела.

Лорка додаде дека пожарите се „успешно“ изгаснати и оти нема жртви но повредени се пожарникари кои го гаснеле огнот.

Министерот рече дека пожарите уништиле 900 од 107.000 хектари на национален парк.

Пламените јазици стигнаа и до седиштето на Министерството за транспорт во Арагва, каде беа уништени 112 автобуси.

Надлежните сметаат дека се работи за „планирано кривично дело“

Можете да прочитате

Пронајдени 12 мртви на брод со мигранти во близина на Крит

Почина масовниот убиец од Краков

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени