Утрински Весник
Свет

Ослободени тројца заложници од кафулето во Холандија

Zaloznichka Drama Holandija Epa.jpg

Холандската полиција соопшти дека се ослободени тројца заложници, но кризата се уште не е завршена, пренесува „АФП“.

Холандските медиуми јавуваат дека тројца вработени во кафулето, две девојчиња и еден млад маж, биле ослободени.

Иако се уште не се знае со сигурност колку луѓе се земени како заложници, локалните медиуми јавуваат дека се работи за четири или пет лица.

Претходно беше објавено дека непознат маж рано утринава влегол во кафулето „Петикоат“ во холандскиот град Еде, ги заклучил луѓето и почнал да се заканува дека ќе се разнесе.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена