Утрински Весник
Свет

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

20250516083321 big 730x400 7.webp.webp

Во Украина утрово се урна воен авион Ф-16, а пилотот се катапултира и е во добра здравствена состојба, соопшти украинското военовоздухопловство.

– Според прелиминарните податоци … во авионот се случила невообичаена ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населени места и успешно се катапултира, објави украинското военовоздухопловство на Телеграм.


Исто така се додава падот на авионот не е последица на руски напад.

Украинската армија најави дека ќе формира комисија која ќе го истражува инцидентот.

Тоа е втор пад на авион Ф-16 откако Украина доби борбени авиони од сојузниците на САД минатата година, во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден. На крајот на август минатата година се урна Ф-16, а пилот загина.

Украина не открива колку борбени авиони добила од сојузниците.

Можете да прочитате

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск