Утрински Весник
Скопје

Во текот на викендот се отстранети диви депонии во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров

Viber Image 2024 10 26 22 55 20 164.jpg

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Активностите се одвиваа на улицата Перо Наков во општината Гази Баба, каде што се отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците Никола Парапунов во општината Карпош и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.

Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Можете да прочитате

Герасимовски на Школата за женски активизам: Во Општина Центар над 60% од вработените се жени

Во паркот Авионче во Ново Лисиче денес ќе може да пробате домашна традиционална храна

Делови од два скопски булевара во недела без вода