Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за одлуката на Абази: 14 луѓе живи гореа, а обвинителството не утврди одговорност

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна:

„Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто изминативе 5 години околу себе мобилизираше разни информации. Но, она кое што исто така е значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово.

За жал, обвинителот којшто веќе е во заминување — бидејќи од тоа што сум информиран е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал — претпоставувам своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува докрај да ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува овој процес да го стопира.

Но, сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш можат да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток.

Така што, многу пати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем, а за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она кое што мене ме збунува, а стига како порака од опозицијата е: до вчера тие коишто критикуваа за односот на правосудните органи, сега ги фалат и се полни со хвалоспеви за нивната работа и таканаречената објективност. Но, ќе повторам, овој обвинител и луѓето коишто го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во кој гореа живи луѓе.”

Можете да прочитате

На владина седница во вторник ќе биде донесена одлука за формирање на училишната кошничка

Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај