Утрински Весник
Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

3.jpg

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 февруари 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 05.02.2024– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
  • 06.02.2024– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Во Ровоњ првпат претставен филмскиот проект за Тоше Проески

МАКЕДОНЕЦ ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО ГЕРМАНИЈА: 24-годишник итно опериран по жестока пресметка

Муцунски на „Тема на денот” на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати