Утрински Весник
Свет

Во стан на Американка пронајдени во замрзнувач тела на четири нејзини бебиња, нема да и се суди

3bb7556d 9087 4a34 9a5d F400e1192728.webp.webp

Мајката на четири бебиња пронајдена во замрзнувач во стан во Бостон пред повеќе од една година нема да се соочи со обвинение. Последниот извештај покажува дека се уште има „многу неодговорени прашања“ за тоа што се случило со бебињата, пренесува ЦБС.

Окружниот обвинител на округот Сафолк рече дека не верува дека случајот против Алексис Алдамир може да оди на судење. Братот на Алдамир и неговата сопруга повикале полиција откако ги пронашле „замрзнатите“ бебиња на 17 ноември 2022 година додека го чистеле станот во Источен Бродвеј во кој Алдамир живеела од 1982 година.

Идентификуван е и таткото
Истрагата покажала дека Алдамир е мајка на бебињата, две момчиња и две девојчиња, пронајдени во замрзнувачот. Алдамир сега живее во здравствена установа. Инспекторите тврдат дека за време на сослушувањето таа „изгледала збунето и не разбирала каде е и со кого разговара“.

Лекарот не можеше да утврди дали бебињата се родени живи или колку долго биле замрзнати, се вели во извештајот. Причината за смртта беше наведена како „неодредена“. Во извештајот се наведува дека нема знаци на траума или очигледни повреди, а ниту траги на храна или млеко во стомакот на бебињата.

На сите четири бебиња сè уште им била прикачена папочната врвца. Бебињата биле пронајдени во кутии за чевли и биле завиткани во фолија. ДНК тестот го идентификуваше таткото на четирите деца, но тој починал во 2011 година. Инспекторите рекоа дека тој и Алдамир имале уште едно дете заедно, кое го дале на посвојување.

Не може да се докаже дека бебињата некогаш биле живи
Алдамир работела за сметководствена фирма во Бостон од 1980 до октомври 2021 година, се вели во извештајот. Нејзините колеги ја опишаа пред инспекторите како „вредна работничка која ретко одеше на одмор“.

„Тие рекоа и дека е дебела жена која има склоност да носи широка облека без оглед на сезоната. Ниту еден од соработниците на Алдамира во ниту еден момент не знаел дека таа е бремена“, се вели во извештајот.

Окружниот обвинител на округот Сафолк, Кевин Хејден, ја нарече истрагата „една од најкомплексните, невообичаените и најзбунувачките што ги сретнала неговата канцеларија“. Во образложението на одлуката да не се обвини Алдамир, во извештајот се вели дека обвинителите не можеле да докажат дека бебињата биле живи и не верувале дека Алдамир била компетентентна да и се суди.

„Никогаш нема да знаеме точно каде и кога се родени четирите бебиња пронајдени во станот на Алексис Алдамир. Никогаш нема да знаеме дали четирите бебиња се родени живи и никогаш нема да знаеме точно што се случило со нив. Никогаш нема да знаеме како Алексис Алдамир ја криеше бременоста или зошто се реши на тоа“, заклучи Хејден.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж