Утрински Весник
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК 2026: Наутро ладно и слаб мраз, преку ден сончево

Meteoalarm.mk 9.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

На ден Велики петок 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на умерена локална облачност  и со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието. Наутро ќе биде ладно со појава на слаб мраз на повеќе места  и со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 7 степени.


Посвежо ќе биде  и преку денот со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје  и околината на ден Велики петок 2026 времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушти до околу 2 степени а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени

Можете да прочитате

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат