Утрински Весник
Македонија

ВО СРЕДА И ВО ЧЕТВРТОК ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО СО ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ШЕСТ ДО ОСУМ СТЕПЕНИ: Ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Meteoalarm.mk 2.png

Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север во среда и во четврток во Македонија очекуваме значително посвежо време со пониски температури во споредба со сегашните за шест до осум степени. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.

Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. И во делови од Скопската котлина во среда  и во четврток ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат потпросечни за почетокот на јули и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Во Скопје максималната температура во среда  и во четврток ќе се искачи до околу 30 степени.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари