Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајна несреќа во струмичко загина 19 годишна девојка, сопатничка на мотоцикл

Lisen od sloboda strumicanec upravuval vozilo so 175 promili alkoxol vo organizmot i ucestvuval vo soobrakjajna nesrekja vo koja zagina 19 godisna sopatnicka na motocikl image.jpg

На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. 

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица. 

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода. Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и  пред да се стекне со право да управува со моторно возило. За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с.Турново, бил во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска