Утрински Весник
Спорт

Во солзи, Роџер Федерер ја заврши кариерата

Во солзи, Роџер Федерер ја заврши кариерата
Ss2

Роџер Федерер стави крај на професионалната кариера и не можеше да ги задржи солзите.

dobivaj vesti na viber

Во моментот кога Џек Сок одигра форхенд винер, со кој ја означи победата на „Тимот на Светот“ против „Тимот Европа“, тоа го означи крајот на кариерата на Роџер Федерер.

По 1527 меча, 1251 победа, 310 недели на врвот на АТП листата, 103 трофеи, 31 Грен слем финале, 28 мастерс титули, 20 грен слем титули, пет години кои ги заврши како број еден, легендарниот Швајцарец замина во пензија.

Дублот што го одигра со Рафа Надал на Лејвер купот Лондон, против Џек Сок и Френсис Тиафо стави крај на неговата богата. Американците славеа 4:6, 7:6, 11:9.

Во исто време и него го совладаа емоциите, легендарниот Швајцарец веднаш заплака.

За последен пат обожавателите ширум светот го видоа на големата сцена, по што следеа овации од публиката во Лондон.

“Им реков на момците, не сум тажен, среќен сум. Прекрасно е чувството да се биде овде. Уживав во овие чевли. Сè ова беше последен пат за мене. Сите сме тука, семејството, момците, пријателите, фановите. Немаше многу стрес, но се плашев дека нема да биде добро, грбот, телото, нешто да не ми се скрши. На крајот се беше супер. Играв со легенди, Рафа, Едберг, Лејвер. ..“, рече Федерер, а потоа се расплака.

Ss1

Можете да прочитате

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот

Ѓоковиќ ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата