Утрински Весник
Свет

Во САД уапсени две лица поради закани поврзани со изборите

Fbi.webp.webp

Агенти на ФБИ уапсија две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите во Соединетите Американски Држави, јавува „Детроит њуз“.

Според истиот медиум, едно од осомничените лица е Исак Сисел, кој наводно користел корисничко име „ShootUpTrumpRally“ на платформата Редит и изјавил пред истражителите дека „сè би било подобро доколку Трамп е мртов“.

Вториот осомничен е Кристофер Клеј Принс, кој е обвинет за повеќегодишни закани кон политичкиот акционен комитет поврзан со Демократите. Претходно, ФБИ го предупредила дека може да биде кривично гонет ако продолжи со ваквото однесување.

Инаку, Трамп најави дека планира да ги следи изборните резултати во своето одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, во друштво на семејството и пријателите.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“