Утрински Весник
Македонија

Во рекордно време собрани 10 000 потписи за Пендаровски 

1709104615 pendarovski.webp.webp

Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски, соопштија од Кабинетот на Претседателот Пендаровски.

Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател.

Им благодариме на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка.

Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови. 

Можете да прочитате

МОФ со реакција на Предлог Законот за високо образование

Првите македонски државјани евакуирани од Израел пристигнаа во Скопје

Филипче: Предвремени избори ќе има, власта нема да знае каде да избега!