Утрински Весник
Балкан

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони

Evzoni.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради протест на грчките земјоделци, сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин од 17:10 часот. Дополнително, поради сообраќајна незгода, сообраќајот кон ГП Ќафасан е стопиран во двата правци, соопшти АМСМ. На 30.12.2025 година (вторник) од 15:00 часот ќе има измена на режимот на сообраќај на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што возилата ќе бидат пренасочени по регионалниот пат Р1101, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, која ќе важи до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Посебно внимание се советува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси