Утрински Весник
Македонија

Недоразбирање во сообраќајот заврши со убодни рани

Noz.png

На 01.03.2026 во 12:50 часoт во с.Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Х.(25) од с.Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово – Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот,  физички го нападнал Е.Е.(34) од с.Арнакија, скопско, при што употребил остар предмет и му нанел убодни рани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

15-годишник со повреди од остар предмет донесен во болница, го повредил малолетник при игра

Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика