Утрински Весник
Македонија

Во Прага средба на Османи со Блинкен

Osmaniblinken Scaled.jpg

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.

Стана збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за  неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

“Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот” – нагласи Османи

Воедно, Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата  против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласи и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 г.

Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите