Утрински Весник
Свет

Во Полска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна

Во Полска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна

Во Полска  се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Вилун, централна Полска, на 84-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, и порача на Германија дека нејзиното извинување за злосторствата и уништувањето не е доволно, туку дека мора да плати воени репарации за да можат двете земји да функционираат нормално.

„Полска и Германија денес се партнери во Европската унија, но за да можат да функционираат во иднина мора да го затворат тоа поглавје од Втората светска војна. Не е доволно „паметиме“. Треба да ги обесштетиме жртвите. Ние не бараме само сеќавање и вистина, туку сатисфакција во вид на репарации за да можеме да го затвориме тоа поглавје од историјата“, рече  Моравјецки.

Централното одбележување на 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна почна во 4:45 часот во Вилун, првиот полски град што беше бомбардиран, и на полуостровот Вестерплате кај Гдањск, каде што беа испукани првите салви од германскиот воен брод Шлезвиг-Холштајн врз полскиот гарнизон на тој полуостров на Балтикот на 1 септември 1939 година со што формално почна Втората светска војна.

Можете да прочитате

Најмалку седум жртви во стампедо на концерт во Конго

ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НОСИ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА ЕВРОПА: Се очекуваат температури и до 45 степени

Шумскиот пожар во Калифорнија се шири