Утрински Весник
Свет

Во Полска од денес домашните задачи не се задолжителни во основните училишта

Skola834573456.jpg

Во Полска денеска стапи на сила уредбата со која се укинуваат задолжителните домашни задачи во основните училишта, соопшти полското Министерство за образование.

Како што е наведено, наставниците од 1 до 3 одделение можат да задаваат само „вежби за подобрување на фината моторика“, кои ќе бидат задолжителни и наставникот ќе може да им додели оценка на учениците, пренесува полската новинска агенција ПАП.

Полското Министерство наведува дека, благодарение на развиените фини моторни вештини, детето може поефикасно да учи.

Од четврто до осмо одделение во основното училиште наставникот ќе може да задава писмена или практично-техничка домашна задача, но домашната работа нема да биде задолжителна и ученикот нема да добие оценка за неа.

Наместо тоа, наставникот треба да му даде на ученикот информации за тоа што направил добро, што треба да подобри и како треба да продолжи да учи, според регулативата.

Министерството прецизира дека „писмената и практично-техничката домашна задача“ опфаќа есеи, состави, пополнување тетратка, решавање математички задачи или подготовка на мултимедијална презентација.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена