Утрински Весник
Македонија

Во Ѓорче Петров приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години    

Lisici.webp.webp

Денеска (02.10.2024) околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров”  во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” по член 131 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казна

Можете да прочитате

Тешко повреден 16-годишник во навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице

Петровска до Славески: Вашата плата ќе легне цела, а граѓаните ќе си ги земаат сопствените пари на рати!

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно