Утрински Весник
Македонија

Во Охрид приведен дилер кај кој е пронајдена дрога

Droga 1 1.jpg
Img 5587

На 15.04.2024 во  19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(40) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „шкода” биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Ss1

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ss1

Можете да прочитате

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!