Утрински Весник
Скопје

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Soobrakaen Rezim.jpg

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.03.2025) со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.


Можете да прочитате

Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Вода протекува од мостот кај хотелот Александар Палас – ВИДЕО

Арсовска доби Благодарница од скопските пожарникари