Утрински Весник
Македонија

Во месец јули на 20.000 сообраќајни прекршоци и скоро 500 уапсени возачи

Akciska soobrakjajna kontrola vo saraj i gjorce petrov vo skopje izreceni 156 sankcii liseni od sloboda dve lica image.jpg

Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.  

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, три за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец.

Во истиот период одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 2073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 1829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 125 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 44 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Препораки како да се заштитите од високите температури

СДСМ: ЗНАМ постои само кај Максо и кај Мицкоски

Кривична пријава за сопственик на фирма, го оштетил буџетот за над 120.000 евра