
Најмалку пет лица се убиени, а шест се повредени утрово во украински напад со беспилотно летало врз Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
Воробјовиг објави на Телеграм дека по нападот со украински дрон врз Московскиот регион, во индустриската зона Новоселки избувнале неколку пожари, од кои најголемиот бил во магацин и веќе е изгаснат.
Тој истакна дека нападите оштетиле и електрична трафостаница и административна зграда, како и дека пожарникарите и сите служби за итни случаи продолжуваат да работат на лице место.



