Утрински Весник
Балкан

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и органзииран криинал

Policija Hrvatska.jpeg

Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска – УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми – во тек се апсења во пет окрузи.

Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за кибер-безбедност при Управата за криминалистичка полиција и Сплитско-Далматинската полициска управа по налог на УСКОК.

„Наведените дејствија се спроведуваат во Хрватска на подрачјето на повеќе полициски управи (Сплит-Далмација, Загреб, Приморје-Горски Котар, Пожега-Славонија и Истра) во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против интелектуална сопственост и кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци“, наведуваат од УСКОК

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет